Си Џинпинг оди во Москва: Путин објави кога кинескиот лидер ќе пристигне во Кремљ

Од:

Ројтерс објави дека рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјавил дека очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да допатува во државна посета на Русија во пролетта 2023 година.

Во воведниот збор од видео-конференцијата на двајцата лидери емитувана на државната телевизија, Путин рече дека расте важноста на руско-кинеските односи како стабилизирачки фактор и дека има за цел да ја продлабочи воената соработка меѓу двете земји.

Денеска двајцата лидери ќе разговараат преку видео повик. Пекинг исто така го зголеми купувањето на руска нафта и гас откако европските земји ги прекинаа врските со Русија, додека Москва јавно ја поддржа позицијата на Кина за Тајван и го обвини Западот дека се обидува да предизвика конфликт околу статусот на островот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски