Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по отстранувањето на барикадите на северот на Косово поставени од српска страна.
Шефот на албанската Влада на Твитер поставувањето барикадите го опиша како „шоу“ што траело подолго, но имало ист крај како и другите.
– Ништо ново, шоуто траеше уште малку, тензијата се крена малку погоре, зборовите се разменија со малку повеќе оган, воените маневри имаа малку повеќе жестина, но крајот беше ист и сите се вратија дома, секој со свој победа како и секогаш. Ах да, се случи нешто нечуено! Излезе новото значење на барикадата, која по 434 години влезе во листата на алатки за мирни протести со благослов на ЕУ и САД! Се надеваме на разбирање на нашите стратешки сојузници да не се согласуваат по оваа точка. Апсолутно! напиша Рама на Твитер.