Бразилска министерка за животна средина ќе биде еколошката активистка Марина Силва

Од:

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва денеска за министерка за животна средина ја именуваше Марина Силва, која се залага за заштита на Амазон.

Именувањето на Силва за министерка за животна средина покажува дека приоритет на бразилската Влада ќе биде сузбивање на нелегалната сеча во Амазон, дури и ако тоа значи спротивставување на интересите на моќниците од агробизнисот.

Лула и Силва заедно присуствуваа на климатската конференција на Обединетите нации во Египет, при што бразилскиот претседател ја истакна заштитата на Амазон како клучна во борбата против климатските промени.

Нема да има климатска безбедност ако Амазон не биде заштитен, посочи тогаш Лука.

Бразилскиот претседател исто така го именуваше производителот на соја Карлос Фаваро за министер за земјоделство и Соња Гуајахара за прва министерка за домородни прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск