Прилепчанец силувал 63-годишна жена, познаник на жртвата гледал

Од:

33-годишен прилепчанец е уапсен бидејќи е осмничен за обљуба на 63-годишна жена исто така од Прилеп информира Министерството за внатрешни работи. За истиот случај е приведен уште еден маж исто така од Прилеп кој според полицијата дозволил пред него во неговиот стан да биде изврешна обљубата над жената која ја познавал од претходно.

– На 28.12.2022 во 17.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп. Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава од претходно се наведува во соопштението од МВР.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар