Бугарскиот премиер Галаб Донев пред почетокот на годинашниот последен состанок на преодната влада на Бугарија изјави дека Бугарија не била официјално информирана од руска страна за обвиненијата покренати против бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев, јави дописникот на МИА од Софија.
За бугарските власти овој чин на Русија е неприфатлив и претставува напад на слободата на говорот и обид за заплашување на бугарски државјанин.
Поради тоа, Донев информираше дека бугарската влада преку Министерството за надворешни работи ќе изрази официјален протест до амбасадорката на Руската Федерација во Софија, Елеонора Митрофанова, против најавата за потрага по бугарскиот државјанин Христо Грозев и ќе инсистира на добивање целосни информации за основаноста на оваа одлука.
Извор: МИА