Гасоводите годинава испорачаа најмалку руски гас во Европа од распадот на Советскиот Сојуз

Од:

Гасоводите испорачаа најмалку руски гас во Европа оваа година од распадот на Советскиот Сојуз, по експлозиите на Балтикот и целното намалување на увозот поради руската инвазија на Украина, покажаа податоците на Гаспром и пресметките на Ројтерс. Цитирајќи го главниот извршен директор Алексеј Милер, рускиот гасен гигант Газпром рече дека оваа година ќе извезе 100,9 милијарди кубни метри гас во земјите надвор од поранешниот Советски Сојуз, најмалку од распадот на Советскиот Сојуз.

Најниско ниво до сега беше „задржано“ во 1995 година, кога според податоците на Гаспром беа извезени 117,4 милијарди кубни метри гас.

Податоците за оваа година, исто така, сигнализираат за речиси преполовен извоз во споредба со 2021 година, а вклучуваат и испораки во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, преку кој Гаспром испорача 10,39 милијарди кубни метри гас во 2021 година. Извозот на руски гас во Германија, беше запрен на крајот на септември по експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија