ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица функционира и во општина Аеродром, не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици

Од:

„Коалицијата СДС, ДУИ и Левица функционира и во општина Аеродром, не го поддржаа буџетот кој носи нови градинки, училишта, паркови и улици. Коалицијата СДС, ДУИ и Левица чиј лепак се тендерите и матни зделки се против развојот на општина Аеродром. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го донесоа буџетот за 2023 година, со кој ќе се овозможи изградба на нови градинки, училишта, паркови и улици, а кои ќе бидат новиот лик на Аеродром“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџетот на општина Аеродром за 2023 година е развоен, во кој е предвидени изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните.

По носењето на Буџетот, градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцински, кажа дека како прв човек на општината, се радува што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои се започнати оваа година, а со што се остварува континуит во развојот на општината Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година, заклучи тој.

Со Буџетот е предвидена и поддршка за ранливите категории граѓани, ќе се субвенционира спортот, ќе се вложува во неговиот развој и ќе се инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.

Градоначалникот Муцунски изрази благодарност до Претседателот на Советот, Дејан Митески и до сите членови на Советот за поддршката и соработката во 2022 година.

И во 2023 година како и во 2022 година, потребите и барањата на граѓаните ќе бидат приоритет во работата на општина Аеродром“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ