Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Од:

Иван Џолев одново избран за претседател на Кривичен суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција. Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Судскиот совет го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови.

Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно.

Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и Виница. Исто така, треба да се бираат и судии за гостиварска Апелација, како и кривичните судови во Скопје и Штип.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка