Извозот на руски гас во Европа на најниско ниво во постсоветскиот период

Од:

Извозот на руски гас во Европа во 2022 година падна на најниско ниво во постсоветскиот период, откако најголемиот купувач го намали увозот поради конфликтот во Украина, а главниот гасовод беше оштетен од експлозии.

Извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер изјави дека извозот надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз оваа година ќе достигне 100,9 милијарди кубни метри гас, објави компанијата.

Во таа сума е вклучен и извозот во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, преку кој Гаспром минатата година испорача 10,39 милијарди кубни метри гас.

Тоа е пад за повеќе од 45 отсто во однос на 185,1 милијарди кубни метри гас извезени во 2021 година и еден од најниските од распадот на советската држава во 1991 година .

Претходното постсоветско најниско ниво на извоз на Гаспром, кое компанијата го дефинира како продажба на гас во „далечно странство“, беше во 1995 година и изнесуваше 117,4 милијарди кубни метри, според податоците на Газпром експорт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот