Во МНР на Бугарија повикана руската амбасадорка во Софија

Од:

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугариоја по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев.

Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа Bellingcat, чии активности Москва ги прогласи за непожелни.

Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската Федерација“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски