На две патнички возила, едно во движење, а друго паркирано, им биле оштетени ветробранските стакла од заталкани куршуми.
Според СВР Тетово, првиот случај бил пријавен околу 14.30 часот, од Б.Б. (51) кој додека со „мерцедесот” поминувал покрај судската зграда слушнал удар и кршење на задното стакло. За среќа, никој од четворицата кои биле во возилото не е повреден. Еден час подоцна, оштетување на БМВ-то пријавил и дебарчанецот Б.И. Тој, претходно возилото го паркирал на паркингот зад Основниот суд. По пријавувањето, гостиварската полиција презела мерки за откривање на сторителите.
На разговор е повикан Ф.Ј.(40) во чиј дом на улицата “18 Ноември”, се организрала семејна веселба.
Годинава во гостиварскиот регион регистрирани се десетина инциденти од заталакани кушруми. Притоа едно малолетно лице, благодарение на среќни околности се здоби со полесни повреди, а оштетени се десетина автомобили.