Во Москва средба на министрите за одбрана на Турција, Русија и Сирија

Од:

Турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана, Хулуси Акар, Сергеј Шојгу и Али Махмуд Абас денеска одржаа состанок во Москва на кој се договорија да продолжат со трилатералните средби за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека на состанокот, одржан во „конструктивна атмосфера“, беше договорено да се продолжи „форматот на трилатерални состаноци за обезбедување и одржување на стабилноста во Сирија и регионот во целина“. Разговарано е за „сириската криза, бегалското прашање и заедничките напори за борба против сите терористички групи во Сирија“.

Според агенцијата Анадолија, покрај министрите, на состанокот учествуваа и шефовите на разузнавачките служби на трите земји.

Фото: Анадолија
Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади