ВИДЕО: Рибар од Бразил исчезнал на Божиќ, пронајден жив во океанот два дена подоцна

Од:

Рибар кој исчезна по пад од чамец во близина на брегот на Бразил е пронајден како се држи за сигнална пловка. Дејвид Соарес (43) бил спасен од колега рибар два дена откако неговиот брод бил пронајден како плови во Атлантскиот Океан.

Соарес за локалните медиуми изјави дека паднал од својот рибарски брод и пливал четири часа пред да наиде на пловка на која можел да се качи. Откако го пронашле, бил однесен во болница, каде накратко бил лекуван од дехидрација.

На 25 декември, Соарес сам тргнал на риболов од плажата Атафона на северот на Рио де Жанеиро и се лизнал од чамецот. Тој за бразилскиот медиум Г1 изјави дека „првите 10 минути биле најтешки бидејќи сакал да се врати на бродот по секоја цена“, но дека струјата била премногу силна и не може да стигне.

Кога сфатил дека нема да може да се врати на својот чамец, ги соблекол кошулата и панталоните бидејќи му тежеле и се пуштил да лебди. „Водата беше немирна и дуваше… па одлучив да се препуштам на струјата за да трошам помалку енергија“, рече тој.

По четири часа стигнал до сигналната пловка во близина на пристаништето Ачу, на која се искачил. „Мислев дека ќе замрзнам до смрт пред да пристигне каква било помош“, вели тој.

Потребни биле два дена за да го забележи еден од неговите колеги рибари кој тргнал да го бара откако неговото семејство алармирало.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск