Никола Недељковиќ еден од затворените за кој Србитена барикадите во Косово бараа да биде ослободен е пуште од затвор. Тој се сретна со семејството по шест месеци поминати во затвор. Вели дека бил затворен само затоа што е Србин.
– Не сакам да коментирам за деновите поминати во затвор, среќен сум што конечно сум со семејството. Во моментов немам никакви планови. Најважно е што ова е готово, можам конечно да си одам дома со моето семејство, за се друго има време.Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои се со мене и моето семејство од првиот ден. Можам да кажам дека сум среќен, Ако поради нешто требаше да бидам еден ден во затвор, нека биде затоа што сум Србин и затоа бев во затвор“, рече Недељковиќ.
И поранешниот полицаецот Дејан Пантиќ, кој беше затворен минатиот месец денеска со одлука на судот во Приштина е пуштен во домашен притвор.