Јун: Мораме да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јул денеска изјави дека на секоја провокација од Северна Кореја мора да се одговори со еднаква сила.

Тој коментирајќи го упадот на пет севернокорејски беспилотни летала во воздушниот простор на Јужна Кореја наведе дека „не треба да се плашиме поради тоа што Северна Кореја има нуклеарно оружје“.

– Мораме да возвратиме и да ја казниме секоја провокација од Северна Кореја. Тоа е најмоќната алатка за сузбивање на провокациите, посочи Јун.

Јужна Кореја претходно соопшти дека планира да потроши 560 милијарди вони (над 400 милиони долари) во следните пет години за да ги зајакне своите одбранбени капацитети против севернокорејски беспилотни летала и да се спротивстави на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани, така што ќе набави повеќе стелт авиони, подморници со балистички ракети и да го забрза развојот на систем за пресретнување на артилериски ракети.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски