Студентски отпор: Шест студенти од „Пелагонија“ се затруле со расипани јајца

Од:

Шест студенти сместени во домот „Пелагонија“ се затруле со храна и завршиле на Инфективна клиника каде што им била дадена медицинска помош.

Лидерот на Студентски отпор, Кристијан Димков за „А1он“ откри дека студентите вчера јаделе оброк со расипани јајца.

– Страшно е што треба студентите да се плашат да влезат во кујна, а родителите да ги мислат своите деца дали ќе добијат или не здрава храна. Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники. Го осудувам игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат – рече Димков.

Тој јавно прашува дали вакви студентски оброци ветуваше Владата или ги гледаше студентите само како пропаганден материјал за користење каков што беше ручекот на премиерот Димитар Ковачевски со студентите.

Би можело да ве интересира

Проблемите во студентскиот дом „Пелагонија“ ќе бидат решени брзо најави министерката Јаневска

Катерина Ѓуровски

Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

Сомнежи за труење со храна со училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна