Штаје: Израелските сили годинава убија 220 Палестинци

Од:

Израелските сили годинава убиле повеќе од 220 Палестинци, изјави вчера палестинскиот премиер Мохамед Штаје, пренесува Анадолија.

Говорејќи на состанокот на владата во Рамала на Западниот Брег, Штаје рече дека годинава Израел уништил 832 станбени објекти во сопственост на Палестинци.

Тој ја опиша 2022 година како „полна со болка“ за Палестинците, „за време на која повеќе од 220 Палестинци беа убиени од израелски војници, повеќе од 9.000 беа ранети, 6.500 затворени, а 832 станбени згради урнати“.

Според премиерот, стапката на невработеност на окупираниот Западен Брег паднала од 19 на 12,6 отсто, додека во окупираниот Појас Газа останала на 46 отсто.

Штаје изрази надеж дека протокот на меѓународна помош и донации, особено од арапските земји, ќе биде обновен во 2023 година.

Палестинската управа не можеше да исплати повеќе од 80 отсто од платите во јавниот сектор за изминатата година поради израелските одбитоци од палестинските даночни приходи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бин Салман: Ријад го осудува израелскиот геноцид врз Палестинците

Над 400 загинати за две недели од израелската офанзива на северот на Појасот Газа

Најмалку 26 Палестинци загинаа во Газа, меѓу кои и пет вработени во УНРВА

ОН: Израелците ги мачат приведените Палестинци

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите