Украина: Орбан не го почитува нашиот народ, политички е кратковид

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата изјава дека војната во Украина ќе заврши ако престане да се испраќа оружје во земјата.

Изјавите на Орбан „покажуваат патолошко непочитување кон Украина и украинскиот народ кој се бори против руската агресија“, соопшти Министерството во Киев на својата веб-страница, обвинувајќи го унгарскиот лидер за „политичка кратковидост“.

– Орбан со тоа работеше на поразот на Украина, без оглед на фактот дека тоа ќе ја зголеми опасноста од руска агресија кон Унгарија. Унгарскиот лидер треба да се запраша дали сака мир, соопшти украинското МНР.

Орбан претходно во интервју рече дека „Украина може да продолжи да се бори сè додека САД ја поддржуваат со пари и оружје“.

– Ако Американците сакаат мир, ќе има мир, рече унгарскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“