На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како една постара жена била исфрлена од автобус во Русија поради наводно критикување на војната во Украина. Видеото го сподели независниот проект WarTranslated, кој преведува материјали за војната во Украина. Скај њуз не можеше да ја потврди автентичноста на снимката.
In Russia, an elderly woman was kicked out (literally) from the bus for criticising the war Russia wages against Ukraine. pic.twitter.com/tm6JZeqs9p
— Dmitri (@wartranslated) December 26, 2022
Русија забрани ширење на „лажни информации“ за војната
На почетокот на оваа година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој е незаконско да се „дискредитира“ руската инвазија на Украина. Законот забрани и ширење на „лажни информации“ за војната, која Русите се уште ја нарекуваат „специјална воена операција“.