ФБИ плаќа пари на Твитер и други мрежи

Од:

Откако открија информации дека американското Федерално истражно биро му платило на „Твитер“ најмалку 3,5 милиони долари, претставници на ФБИ одбија да откријат на кои други социјални мрежи им било плаќано. Претставници на ФБИ за „Фокс њуз“ изјавија дека значајната исплата на „Твитер“ е всушност „надомест“ за трошоците за обработка на барањата на бирото во период од две години.

„Дејли мејл“ пишува дека ФБИ побарало од „Твитер“ да блокира сметки кои главно се поврзуваат со конзервативци и „странски влијанија“.

Така, наводно, „Твитер“ првично верувал дека приказната за лаптопот на Хантер Бајден е „руска дезинформација“.

Меѓутоа, минатата недела се дозна дека Џим Бејкер, главниот адвокат на „Твитер“ и поранешен генерален советник на ФБИ, лично интервенирал и побарал да се забрани приказната, пренесува RT.

Бејкер му рекол на Џоел Рот, шефот за безбедност на Твитер, дека приказната за лаптопот треба да се блокира – еден ден откако бил информиран од поранешните колеги од ФБИ.

„Постојат некои факти кои укажуваат дека материјалите можеби биле хакирани. Едноставно ни требаат повеќе информации. Претпоставувам дека ќе го ограничиме пристапот до нивната статија со што ја прекршуваме нашата политика за хакирани материјали“, вели Бејкер во писмото до Рот.

Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом вети дека ќе ги истражи операциите на Твитер за време на претседателските избори во 2020 година.

ФБИ соопшти дека и плаќале и други социјални мрежи, но одбиле да дадат дополнителни информации.

Претставници на Бирото рекоа дека ФБИ мора да понуди надомест за сите разумни трошоци поврзани со добивање информации неопходни за правна постапка.

„Иако не можеме да разговараме за конкретни плаќања, од владата се бара да обезбеди надомест за разумни трошоци директно поврзани со барање, составување, репродукција или на друг начин давање информации што одговараат на правниот процес“. Ова барање е поставено со федералниот закон и судовите се последните арбитри за разумна компензација“, изјавија претставници на ФБИ.

„Владата плати на „Твитер“ милиони долари за цензурирање на информации“, коментира сопственикот на „Твитер“ Илон Маск за новата рунда на „Твитер фајлс“.

Претходно, новинарот Мет Таиби изјави дека контактот на Твитер со ФБИ бил „константен, како подружница“.

Би можело да ве интересира

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп

ФБИ уапси две лица во Мичиген поради смртни закани кон Трамп

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

ФБИ изврши претрес во домовите на двајца Американци поврзани со руски државни медиуми

Горан Наумовски

ФБИ доби дојава: Можна одмазда за обидот за атентат врз Трамп

ФБИ објави нови детали за обидот за атентат врз Трамп