Во согласност со наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, подигната е борбената готовност на припадниците на српското МВР, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ.
„Наредив подигање на целосната борбена готовност на сите единици на МВР, Жандармерија, САЈ и Полициската бригада, веднаш штом ќе бидат ставени под команда на началникот на ГШ и ќе ги заземат позициите предвидени со оперативниот план, изјави министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, откако претседателот Вучиќ нареди да се преземат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово.