Србин со месарски нож нападнал Германец во центарот на градот, па побегнал

Од:

Србин (37) е уапсен во Германија, на железничката станица во градот Есен, откако со месарски нож избодел Германец (45), соопшти локалната полиција.

Мажот се здобил со повеќе убодни рани во горниот дел од телото, поради што неговата здравствена состојба е критична, пренесува Нова.рс.

Нападот се случил утрото, а полицијата била повикана од очевидци кои пријавиле дека виделе двајца мажи како се тепаат и дека во тој конфликт бил употребен нож. Итната помош веднаш излегла на местото на настанот, каде пронашла беспомошен 45-годишен Германец кој обилно крварел. На тешко повредениот на лице место му била укажана прва помош, а потоа со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Веднаш била започната потрага по напаѓачот, а Србинот (37) набргу бил однесен на железничката станица. Тој се товари за убиство во обид.

Полицијата во Есен најави дека трага по сите сведоци на овој брутален чин кои би можеле целосно да го расветлат случајот.

Мотивот за крвавиот напад се уште не е познат.

Би можело да ве интересира

Три лица се избодени со нож во училиште во Канада, напаѓачот е уапсен

Најмалку шест лица повредени во нападот на железничката станица во Париз

Горан Наумовски

Подигната е борбената готовност на припадниците на српското МВР

Горан Наумовски

Драма во Србија: Поранешен вработен се заканувал дека ќе ја запали компанијата

А1он

Уапсени 17 соработници на кавачкиот клан: Се товарат за осум убиства

А1он

Си го убил братот додека спиел: Грозоморно убиство во Србија

А1он