Кремљ: Путин сака да разговара со Си Џинпинг пред крајот на годината

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин сака да разговара со неговиот кинески колега Си Џинпинг пред крајот на годината, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Всушност, контактот во моментов се подготвува, рече Песков и не кажа детали за форматот на разговорот – телефонски или средба.

Односите меѓу двете земји се сметаат за добри и покрај војната на Русија против Украина, посочува ДПА.

Кремљ соопшти дека не бара контакти со Западот. Песков негираше дека во наредните денови е планиран телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. Портпаролот на Путин додаде дека ниту оваа година нема да биде испратена новогодишна честитка до американскиот претседател Џо Бајден.

Си Џинпинг и Путин последен пат се сретнаа во септември на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан. Кинескиот лидер, исто така, му посака добредојде на претходникот на Путин, Дмитриј Медведев во Пекинг минатата недела.

Кина официјално најави дипломатско решение за војната во Украина, но не го осуди и не се приклучи на западните санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ