Си Џинпинг побара конкретни дејствија за заштита на безбедноста и здравјето на луѓето во Кина

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на заеднички напори „за спроведување патриотски здравствени кампањи и преземање конкретни активности за заштита на безбедноста и здравјето на луѓето“, јави Синхуа.

Ова е прва јавна изјава на Си откако Кина на почетокот на декември се откажа од строгите антиепидемиски мерки кои беа во сила од 2020 година. Оттогаш, државата бележи пораст на инфекции со Ковид.

– Превенцијата и контролата на Ковид-19 во Кина се соочува со нова ситуација и нови задачи. Треба да спроведеме повеќе насочена патриотска здравствена кампања и да изградиме тврдина против епидемијата, додаде тој, без да даде детали.

Многу болници во Кина се преполни, аптеките немаат лекови против грип, а многу крематориуми известуваат за невообичаено голем број тела за кремирање, јавија западни медиуми.

Кина официјално пријави само шест смртни случаи од Ковид, откако беа олеснети мерките.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Бајден и Си се согласуваат: За употребата на нуклеарно оружје треба да одлучуваат луѓето

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања