Јужна Кореја испука предупредувачки истрели поради упад на севернокорејски дронови

Од:

Јужна Кореја подигна борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала денеска упаднаа во нејзиниот воздушен простор.

Јужна Кореја утврди дека беспилотните летала дошле од Северна Кореја, поминувајќи ја таканаречената воена демаркациона линија меѓу двете земји. Тие биле забележани на небото над западниот јужнокорејски град Гимпо околу 10:25 часот по локално време, соопшти војската.

Воен авион КА-1 се урна веднаш по полетувањето од својата база за да се спротивстави на беспилотните летала, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Двајцата пилоти успеале да го напуштат авионот пред да се урне и биле пренесени во болница.

Јужнокорејското Министерство за транспорт соопшти дека летовите од аеродромите Инчеон и Гимпо се привремено прекинати на барање на војската. Летовите беа прекинати околу еден час и аеродромите сега повторно работат, изјави претставник на Министерството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски