Европскиот првак Данска ќе биде еден од противниците на македонската репрезентација на Светското ракометно првенство кое од 11 до 27 јануари идната година ќе се одржи во Шпанија. Ова е исходот по денешното извлекување во Мадрид, по кое Македонија ги доби противниците во групата „Б“.
Покрај Данска, кокуренти на нашите ракометари за едно од четирите места кои водат во осминафиналната фаза ќе бидат и селекциите на Исланд, Русија, Катар и Чиле. Град домаќин на натпреварите од оваа група ќе биде Севиља.
Во Гранољерс ќе се играат средбите од „А“ групата во која се: Франција, Германија, Аргентина, Тунис, Црна Гора и Бразил.
Домаќин на групата „Ц“ ќе биде градот Сарагоса, во кој ќе играат репрезентациите на: Србија, Словенија, Полска, Кореја, Белорусија и Судиска Арабија.
Шпанија како домаќин одлучи натпреварите да ги игра во главниот град Мадрид. Покрај Шпанците во групата „Д“ се и репрезентациите на Хрватска, Унгарија, Алжир, Египет и Австралија.