Тројца загинати во пукањето пред курдскиот центар во Париз

Од:

Три лица загинаа по пукотница во центарот на Париз, соопштија обвинителите.

Уапсениот по смртоносното пукање во Париз им бил познат на властите, јавуваат медиумите во Париз. Радиото Франс Инфо, повикувајќи се на полициски извори, јави дека е осомничен 69-годишен маж кој бил познат по два претходни обиди за убиства.

Осомничениот, пукал во 10-та област на градот и притоа убил три лица, а други беа повредени.

Според градоначалничката на округот, Александра Кордебард, мажот пукал во курдски центар, како и во ресторан и фризерски салон.

Обвинителството покрена истрага, засега нема информации за мотивот на напаѓачот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз