Пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов, беше домаќин на Димитри Сајмс, претседател на Центарот за национални интереси, тинк-тенк од Вашингтон, во неговата емисија. Додека Сајмс зборуваше, на екранот беше прикажано видео од украинскиот претседател Володимир Зеленски како зборува пред Конгресот.
На видеото се гледа како претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и потпретседателката Камала Харис го прифаќаат и гордо го држат украинското знаме што им го подари Зеленски. Соловјов беше очигледно незадоволен од топлиот прием што го доби украинскиот претседател во САД.
„Луѓе, отстранете го видеово“
Во исто време, на големиот екран зад Соловјов беше прикажана фотошопирана фотографија од украинскиот претседател како ги чисти чевлите на Бајден, со натпис „Вазалот пристигна“. Таа фотографија била во целосна спротивност со снимката од посетата на украинскиот претседател на Вашингтон, пишува Дејли Бист.
Додека Сајмс зборуваше, Соловјов бесно пишуваше на својот мобилен телефон, за на крајот на емисијата да открие дека им праќал пораки на своите продуценти и барал да престанат да пуштаат клипови од Зеленски пред Конгресот на САД. Со оглед на тоа што продуцентите беа премногу бавни за да ги исполнат барањата на водителот, тој реагираше бурно и го прекина Сајмс.
„Прости ми Димитри, луѓе отстранете го видеово – го прекина Сајмс. Соловјов го изрази своето незадоволство од посетата на украинскиот претседател на Вашингтон претходниот ден. „Зеленски веќе е на пат за Вашингтон. Тоа е можеби природен пат за секој предавник. Тој го предаде целото свое советско минато“, бесно рече тој.