Од јануари до октомври Грција ја посетиле 26,4 милиони туристи, 11 отсто помалку од 2019 година

Од:

За 11 отсто се намалил бројот на туристи кои ја посетиле Грција од јануари до октомври 2022 година, во споредба со истиот период во 2019 година, односно последното лето пред пандемијата, а намалување, за 2,6 проценти, има и во однос на приходите, согласно привремените податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За 10 месеци Грција ја посетиле 26,4 милиони туристи, приходите достигнуваат до 17 милиони евра, бројки зголемени за 92, односно 70,4 проценти во споредба со јануари- октомври 2021 година, кога се уште постоеја мерки и рестрикции поради Ковид-19.

Токму затоа, ставот на официјална Атина е дека споредбите за туризмот во земјата се вршат со податоците од 2019 година, односно последното лето пред пандемијата кога во Грција имаше рекорден број туристи.

Во првите десет месеци од годинава, најбројни се посетителите од земјите членки на Европската Унија, вкупно 16,3 милиони, за осум отсто помалку од 2019 година, но со зголемени приходи од 3,8 проценти.

Зголемување има на бројот на туристи од Германија, Франција и Велика Британија, а од Русија, оваа година се намалиле за 93,7 отсто во споредба со лани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната