Претседателот на Бугарија потпиша указ за испраќање воена помош за Украина

Од:

Законот за ратификација на Договорот меѓу Министерството за одбрана на Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на вооружување, опрема и муниција е објавен во денешниот број на бугарскиот Државен весник.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред неколку дена службениот министер за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов изјави дека по ратификацијата во 48. Народно собрание, претседателот Румен Радев треба да донесе указ со кој ќе го потврди предлог-законот и оти додека не биде објавен во Државниот весник, Бугарија нема како да ја обезбеди бараната воена опрема на Украина.

Со објавувањето на указот, претседателот на Бугарија всушност ги пушти пратките со воена помош за Киев и покрај заканата на БСП дека ќе побараат произнесување од Уставниот суд.

Бугарскиот министер за одбрана Стојанов на почетокот на неделата беше во Украина каде беше примен од неговиот украински колега Олексеј Резников и разговараа за воената помош што Софија ќе му ја даде на Киев против руската агресија.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Бугарија обезбеди хуманитарна и воена помош во вредност од 448 милиони лева (224 милиони евра). Најголеми противници на испраќањето воена помош за Украина се Бугарската социјалистичка партија и популистичката „Преродба“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски