ВМРО-ДПМНЕ: Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април, и до каде е истрагата за позитивното мислење за државјанството на Онишченко кое тој го дал?

Од:

„Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка. Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД.

Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО.

Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не.

Владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски