ЕК одобри 22 милијарди евра за Унгарија

Од:

Европската комисија денеска го усвои Договорот за партнерство со Унгарија кој вклучува детален патоказ за подобрување на административниот капацитет на земјата и справување со предизвиците како што се транспарентност и конкуренција во јавните набавки; спречување, откривање и корекција на корупцијата; измама и конфликт на интереси; и градење капацитети на корисниците на финансирањето на кохезионата политика и партнерите. Овој патоказ има блиски врски со Планот за закрепнување и отпорност и со процесот на условеност за владеење на правото.

Договорот е со вредност од 22 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, во рамки на политиката на кохезија на ЕУ, што ќе ѝ помогне на земјата да ги исполни заедничките цели со ЕУ во областите на територијалниот развој и транзицијата кон еколошка и дигитализирана економија. Средствата ќе бидат распределени од буџетот за внатрешни прашања (азил, миграција и вклучување, натаму – внатрешна безбедност, управување со границите, визи).

Овие насоки се тесно поврзани со планот за економско закрепнување по пандемијата и со процесот околу владеењето на правото, појасни ЕК.

Комисијата забележува дека Унгарија последна доби одобрение за средства од овој дел од општиот буџет. Се додава дека Унгарија ветила дека ќе ги реши недостатоците околу реформите за зајакнување на независноста на судството. Се вели и дека ќе продолжат преговорите со Будимпешта за прашањата за унгарскиот Закон за заштита на децата и пречките за академската слобода и правото на азил.

Во соопштението се додава дека Советот на ЕУ вовел мерки за заштита на општиот буџет за прекршување на принципите на владеењето на правото во областа на јавните набавки, обвинителството и борбата против корупцијата во Унгарија. Овие мерки вклучуваат суспензија на плаќањата според три оперативни програми за поблиска соработка.

Мерките се привремени и може да бидат укинати од Советот на ЕУ, на предлог на ЕК, без губење на средствата, доколку се направат потребните измени во рок од две години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп