Шојгу ги посети руските војници во Украина

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил армиските единици во Украина, соопшти руското МО.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека Шојгу бил со руските единици распоредени во „подрачјето за специјална воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата на Украина. Во соопштението не се прецизира каде и кога е извршена посетата.

„Сергеј Шојгу изврши увид во условите во кои е сместен персоналот и воената опрема“ во областите каде се привремено распоредени единиците“, се вели во соопштението. Шојгу посветил особено внимание на организацијата на условите за сместување на војниците во теренски услови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ