Најдолговечниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека обезбедил договор за формирање нова влада по неколкунеделни неочекувано тешки преговори со верските и екстремно десничарските коалициски партнери.
„Успеав“, напиша Нетанјаху на Твитер, неколку минути пред крајниот рок што го постави израелскиот претседател Исак Херцог.
Портпаролот на Херцог потврди дека е примено известувањето на Нетанјаху, објави Ројтерс.
Нетанјаху, лидерот на партијата Ликуд и поранешен премиер, и неговиот десничарски блок на изборите освоија 64 места, мнозинство од 120, а тој го доби мандатот да ја формира новата израелска влада.