На Украинците ќе им требаат неколку месеци да научат како да користат системот Патриот

Од:

Ќе бидат потребни неколку месеци за да се обучуваат украинските сили да управуваат со системот Патриот, изјави за новинарите висок функционер за одбрана на САД, откако Бајден објави дека ќе го испрати ова оружје во Украина.

„Патриотот бара обука и очекуваме дека ќе бидат потребни неколку месеци за да се осигураме дека украинските сили можат успешно да го користат“, рече неименуваниот функционер, објави Си-Ен-Ен.

„Патриот“ ќе и обезбеди на Украина критична одбранбена способност против крстаречки ракети, балистички ракети и авиони. Нашата цел е да и помогнеме на Украина да го зајакне слоевитиот интегриран пристап кон воздушната одбрана. Патриот ќе го надополни опсегот на системи со среден и краток дострел што ги обезбедивме и што сојузниците ги обезбедија во претходните пакети“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски