Вучиќ: Барикадите ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ја формира Заедницата на српски општини

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на Косово се соочува со голема дрскост која доаѓа од западните сили, бидејќи тие бараат од Србите да ги тргнат барикадите и да се вратат во институциите, наместо прво да се формира Заедницата на српски општини, јави дописникот на МИА од Белград.

-Прво формирајте ја Заедницата на српски општини, а потоа ќе ги отстраниме барикадите, изјави Вучиќ за новинарите во Азербејџан каде имаше средба со претседателот Илхам Алиев.

Според Вучиќ, Приштина не сака ниту да слушне, ниту да слуша, туку само да го понижува Белград.

-Може да се обидете (да не понижите) до одредена граница, понатаму кога немаме каде – како стаорец во ќош ќе се браниме со сите четири нозе, рече Вучиќ.

Тој повтори дека Србите во Косово само сакаат да преживеат и да бидат „свои на своето“. Тој оцени и дека однесувањето на КФОР е многу пофер од однесувањето на повеќето западни влади.

-Тие (Кфор) сериозно и одговорно ја третираат ситуацијата, рече Вучиќ.

Тој побара објаснување од Приштина во врска со апсењето на поранешниот полицаец на косовската полиција Дејан Пантиќ, наведувајќи дека на Белград не му се познати причините за неговото апсење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он