А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Уставен суд поведе постапка за Одлука на општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје

by А1он20/12/2022 - 13:35285
Share0

Уставниот суд денеска ја одржа 41. седница со дневен ред на којшто беа закажани осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права. Меѓу предметите за којшто се одлучуваше е и предметот во којшто е оспорена Одлука на општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година информираше прес службата на Уставен суд.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За овој предмет Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка со што изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката донесена од Советот на општина Куманово. Имено, Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката. Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици. Поради ова Уставниот суд одлучи да го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука се наведува во соопштението од Уставен.

ustaven sud

Би можело да ве интересира

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата

Горан Наумовски16/07/2026 - 13:40

Уставен суд: Не е релевантно какви имиња носат улиците, училиштата или другите објекти, важно е дали одлуките се донесени во законска постапка

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:12

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски07/07/2026 - 11:0407/07/2026 - 11:16

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 13:3906/05/2026 - 13:40

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Горан Наумовски29/04/2026 - 09:55

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 10:5128/04/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео