Путин првпат призна: Ситуацијата во окупираните региони е многу тешка

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин првпат ја нарече „исклучително тешка“ ситуацијата во окупираните територии на Украина, кои Русија ги прогласи за свои региони.

Путин изјави дека „ситуацијата во регионите на ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје е исклучително тешка“ и им порача на безбедносните сили во четирите окупирани региони дека мора да направат се за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните во нив.

„Посебно би сакал да ги истакнам единиците на безбедносните агенции кои почнаа да работат во новите региони на Русија. Ситуацијата е исклучително тешко. Но луѓето што живеат таму се надеваат на вас, на вашата заштита“; изјави Путин, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Претседателот на Русија ја нарече должност на тајните служби да направат се за да обезбедат максимална безбедност на граѓаните и да ги заштитат нивните права и слободи. Тој вети и дека ќе обезбеди нови единици со современа опрема и оружје, како и искусен персонал.

Путин повика и на зајакнување на работата на безбедносните агенции во клучните области поради појавата на нови закани и им нареди на специјалните служби да ги држат под постојана контрола местата на масовно собирање на граѓаните и стратешките објекти на транспортната и енергетската инфраструктура.

„Од контраразузнавачките агенции, вклучително и армијата, сега се бара да покажат максимална присебност, концентрација на силите. Неопходно е строго да се потиснат дејствијата на странските специјални служби, брзо да се идентификуваат предавниците, шпиони и саботери“, рече Путин.

Тој, исто така, побара да се зајакне работата на граничната служба на ФСБ, нарекувајќи ја границата „најважната, клучна граница за обезбедување на безбедноста на земјата“, која мора да биде сигурно покриена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина