Автобус удри во автомобил кај Мавровка

Од:

Патнички автобус удри во автомобил марка „голф“. Ова се случи попладнево, а карши трговски центар „Мавровка“ во правец кон стоковна куќа „Мост. Се утврдува како автомобилот кој е со кумановска регистрација, се извртел, за да автобусот удри во него од страната на возачот.

Случајот е пријавен во полиција, од каде се излезени увидни екипи. Од под хаубата на „голфот“, на асфалтот имаше истечено и течност. Додека се чекаше увидна екипа, местото не беше соодветно обележано.

Од МВР за „А1он“ велат дека во оваа несреќа засега нема пријавено повредени лица.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски