Ослободен полицаецот кој застрела 16-годишно момче во Солун

Од:

Полицаецот, кој е обвинет дека смртно застрела 16-годишен Ром за време на полициска потера во Солун, денеска беше ослободен и забранет му е излез од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Полицаецот досега беше во домашен притвор, по несогласувањето меѓу истражниот судија и обвинителот по првото сослушување, додека момчето беше сè уште живо, во однос на тоа дали да биде притворен, а Кривичниот суд во Солун денеска одлучи обвинетиот да биде ослободен.

Инцидентот се случи на 5 декември, а осум дена подоцна 16-годишниот им подлегна на сериозните повреди, па така во следниот период одново ќе се разгледа случајот со оглед на тоа дека полицаецот, сега веќе се товари за ново дело убиство.

На 5 декември кусо по полноќ момчето застанало на бензинска станица, наполнило бензин, побегнало без да плати и веднаш била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелан во пределот на главата од еден од полицајците.

Во коматозна состојба, со рана во пределот на главата од огнено оружје, момчето било примено во болница во Солун, веднаш било оперирано и пренесено на интензивна нега, но осум дена подоцна, на 13 декември им подлегна на повредите.

Полицаецот, кој пукаше во момчето пред десет дена, додека момчето се уште беше живо, беше изведен пред истражен судија во Солун и според грчките медиуми, рекол дека дејствувал во самоодбрана, поради опасноста во која биле неговите колеги кога малолетниот возач се обидел да ги удри со својот автомобил,а во однос на истрелите посочил дека нишанел ниско кон гумите, а не кон возачот.

Тогаш, поради несогласувањата меѓу истражниот судија и обвинителот му беше одредена мерка домашен притвор, а денеска беше ослободен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната