Во Иран ослободени шестмина од осум задржани Словаци обвинети за шпионажа

Од:

Шестмина од осум притворени Словаци, параглајдеристи кои во Иран, повеќе од три месеци беа притворени поради сомнение за шпионажа, се ослободени и веќе се во својата татковина.

Ова на вонредна прес-конференција, го објави словачкиот премиер Роберт Фицо, кој заедно со словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, за време на викендот, со владиниот авион ги довеле словачките параглајдеристи дома, јави дописникот на МИА од Прага.

Фицо негираше дека словачката држава била принудена да плати откуп за ослободувањето на своите граѓани и со оглед на тоа дека во Техеран се уште трае истрагата за вината на останатите двајца Словаци, само додаде дека дипломатијата има план и за нивно враќање дома.

Осуммината параглајдеристи, во мај беа задржани од иранските власти под сомнение дека додека спортувале во градот Исфахан фотографирале објекти од нуклеарната програма.

Според тамошните власти, Словаците биле опремени со токи-воки уреди и професионална фотографска опрема, што е забрането во Иран и што најверојатно ги алармирало разузнавачките служби во земјата. Словачката Влада повеќе од три месеци преговараше за нивно ослободување.

– Среќни сме што сме дома, со своите семејства. Цврсто веруваме дека нашите другари брзо ќе се вратат дома, изјави еден од ослободените.

За кратко време, ова е втор случај на задржување на словачки граѓани во Иран. На почетокот на годината, во јануари беше задржан Матеј Валух, кој беше осомничен за шпионажа, а по еден месец беше ослободен.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он