Дизелот поскапува за половина денар

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 % во однос на одлуката од 16.12.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,137 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините „евросупер“ БС-95 и „евросупер“ БС-98 не се менуваат.

Од 20.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – „евросупер“ БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – „евросупер“ БС – 98 – 78,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – „евродизел“ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар)

– Масло за горење – „екстра лесно“ 1 (ЕЛ-1) – 79,00 (денари/литар)

– Мазут- М-1 НС – 39,233 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,374% кај дизелот има зголемување за 1,445%, кај екстра лесното масло зголемување за 1,590% и кај мазутот зголемување за 0,081% %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,171% %.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата