Радев најави дека по Нова година ќе го врачи мандатот за формирање на влада

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека по Нова година ќе и го предаде вториот мандат за формирање влада на втората по големина партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената”, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев вчера учествуваше на традиционалниот ритуал на палење свеќите на Фестивалот на светлината – Ханука, што се одржа во Централната софиска синагога во Софија. Тој беше придружуван од неговата сопруга Десислава.

По повод празникот Ханука, во синагогата имало стотина бугарски Евреи. Втората свеќа од ритуалниот свеќник ја запали градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова. На прославата присуствуваа и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков и претставници на дипломатскиот кор во Софија.

Радев се заблагодари на организацијата Шалом на бугарските Евреи, како и на Централниот израелски духовен совет, што може заедно да го споделат овој голем празник, што носи духовна светлина за сите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

А1он

Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада