ВИДЕО: Украина ги избра своите претставници за Евровизија, настапот се емитуваше од засолниште во Киев

Од:

Поп дуото наречено „Творчи“ ќе ја претставува Украина на Изборот за песна на Евровизија 2023 година, а тие го снимија и својот настап за споменатиот натпревар.

Имено, настапот се емитуваше од засолниште во Киев, а метро станицата во главниот град на Украина, која со месеци се користи како засолниште, сега е претворена во ТВ студио.

За време на настапот, танчерите носеа гас-маски додека на екраните се појавија знаци за нуклеарно предупредување:

– Не плашете се да го кажете тоа што го мислите, се слушаат стиховите во позадина.

„Heart of Steel“ е првата песна официјално потврдена за натпреварувањето.

Откриено е и зошто е донесена одлука да се снима од засолништето.

– Ова нè увери дека самото шоу може да се одвива без прекин бидејќи без разлика дали имаме предупредувања за воздушен напад, работата може да продолжи, изјави за Би-Би-Си Оксана Скибинска, шеф на делегацијата на Евровизија.

Големото финале на Евровизија 2023 ќе се одржи на 13 мај 2023 година, а иако на овогодинешниот натпревар победи украинската група Калушки, поради војната, следната Евровизија ќе се организира во Ливерпул. На наведениот натпревар учествуваат вкупно 37 земји.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија