На социјалната мрежа Твитер се појави видео од слетувањето на американскиот борбен авион Ф-35, кој потоа буквално се урна.
Описот на видеото не кажува кога е направено, но вели дека е направено во Форт Ворт, град во Тексас кој е 13-ти по големина град во САД.
На објавеното видео се гледа слетување на модерен американски борбен авион Ф-35 кој полека слетува на пистата, но во моментот кога ќе ја допре земјата, авионот скока и со носот удрира во пистата. После тоа се гледа чад и мала експлозија.
F-35 crash-lands in Fort Worth, TX – pilot ejected 🇺🇸 #aviation pic.twitter.com/Ov7qXf0xad
— Houston Air Watch (@houstonairw) December 15, 2022
Една секунда подоцна пилотот се катапултира.
Не е соопштено што го предизвикало овој инцидент, дефект на авионот или грешка на пилотот.