Се отстранува биста на судија на Врховниот суд на САД од 19-ти век, напишал расистичка легислатива

Од:

Конгресот на САД одобри закон за отстранување на бистата на Роџер Тејни, судија во Врховниот суд од 19-ти век кој ја усвоил одлуката насловена „Дред Скот“, бистата ќе биде заменета со онаа на Тургуд Маршал, првиот Афроамериканец кој служел во највисокиот суд на САД.

Озлогласената одлука од 1857 година го бранеше робовладетелството и утврди одлука според која црномурестите луѓе не можат да бидат државјани на САД.

Според законот, кој денеска треба да биде потпишан од претседателот Џо Бајден, бистата „е непригодна за честа да биде изложена пред многубројните посетители на Капитолот“.

Статуата на Тејни се наоѓа во влезот на старата сала на Врховниот суд во Капитолот, каде Врховниот суд заседавал од 1810 до 1860 година. Тејни е петти судија кој претседавал со судот од 1836 до 1864 година.

-Додека отстранувањето на бистата на главниот судија Роџер Брук Тејни од Капитолот не може да ги ослободи Конгресот од направените историски грешки за заштита на институцијата робовладетелство, чинот покажува дека Конгресот ја признава една од најозлогласените неправедности кои се случиле во една од неговите соби, онаа со одлуката „Дред Скот против Сендфорд“ на главниот судија Роџер Брук Тејни, се вели во текстот на законот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи