Захарова: Ако постоеше начин да се уништи Русија, САД веднаш би го сториле тоа

Од:

Доколку постоеше начин Русија да биде уништена, САД тоа би го направиле веднаш, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ја коментираше изјавата на прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, дека доколку постои начин да се спречи Русија да учествува во Советот за безбедност на ОН, САД веднаш ќе го искористат, пренесува РИА Новости.

„Доколку постоеше начин да се преземе целата нафта, целиот гас, целото злато, сите дијаманти, целата вода за пиење и се на светот, тие веднаш ќе го сторат тоа. Ако постоеше начин да се преземе универзумот, тие би го направиле и тоа веднаш. Едноставно, не постои таков начин, фала богу“, напиша Захарова на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни