САД објавија околу 13.000 документи за атентатот на Кенеди

Од:

Националниот архив на САД објави приближно 13.000 документи поврзани со атентатот на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, настан кој го шокираше светот и се уште предизвикува многу шпекулации. Но, Белата куќа, поради стравот за националната безбедност, го блокираше објавувањето на дополнителни илјадници документи за ова досие, иако некои од нив беа откриени уште во декември 2021 година.

Според Националниот архив, 97 отсто од околу пет милиони страници документи сега се достапни. Актуелниот американски претседател Џо Бајден рече дека „ограничен“ број документи не може да се објават. Тој објасни дека мерката е „неопходна“ за да се спречи штета на војската, разузнавачките операции, спроведувањето на законот или надворешната политика.

Убиството на еден од најпопуларните американски претседатели на 22 ноември 1963 година во Далас роди бројни теории на заговор, врз основа на кои беа напишани стотици книги и беа направени бројни филмови, како што е „ЏФК“ (1991) во режија на Оливер Стоун. .

Во 2017 година, Доналд Трамп објави 2.800 претходно тајни документи за Кенеди, откако Конгресот усвои закон во 1992 година со кој се бараше сите документи поврзани со поранешниот претседател да бидат целосно објавени во рок од 25 години.

Би можело да ве интересира

Независниот Кенеди ја прекина кампањата, го поддржа Трамп

Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Горан Наумовски

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, избра потенцијален потпретседател

Анкета во Америка: Кенеди ги зема гласовите и на Трамп и на Бајден

Горан Наумовски

Бајден му оддаде почит на Кенеди 60 години по атентатот

Кенеди: Одлуката на Бајден да ги мобилизира резервните сили значи подготовка за војна против Русија

Горан Наумовски