Иако блискиот сојузник на Путин и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев претходно тврдеше дека испраќањето на моќниот ракетен систем „Патриот“ во Украина од страна на САД ќе биде „црвена линија“ што никогаш не треба да се премине, а руската амбасада денеска објави дека потегот ќе има „непредвидлив последици“, руските пропагандисти на државната телевизија, откако таквиот развој на ситуацијата стана сосема очигледен, одеднаш почнаа да тврдат дека тоа е систем кој е неефикасен.
A few people (on here at least) are suggesting that the US will be crossing some kind of red line by giving Patriot air defence systems to Ukraine
So it seems notable that Russian state TV is taking real pains to downplay the significance of such a move pic.twitter.com/limYkqH7HV
— Francis Scarr (@francis_scarr) December 15, 2022
Во клип од програмата емитувана на руската режимска телевизија, водителот ги прашува панелистите „зошто се крена толку врева“ за веројатната испорака на „Патриот“ во Украина.
„Тие ракети не се претставија добро во борбени услови“, вели еден од панелистите, додавајќи дека за време на војната во Ирак, старите ирачки проектили поминале низ областа заштитена од „Патриот“, систем наменет за воздушна одбрана.
“Тоа е оружје што изгледа добро во холивудските акциони филмови. Пентагон сака да го става во документарни филмови. Факт е дека тоа е добар систем, но ништо повеќе”, додава таа, на што водителката одговара: “Можеби Пентагон само сака да се ослободиме од нив и само ние правиме врева поради тоа“.