Пред три дена, Иран јавно обеси човек осуден за убиство на двајца припадници на безбедносните сили, објави судската новинска агенција Мизан. Ова е втора егзекуција поврзана со антивладините протести за помалку од една недела.
„Маџид Реза Рахнавард беше јавно обесен во светиот шиитски град Машхад. Тој беше осуден на смрт за „водење војна против Бог“ откако избоде до смрт двајца припадници на безбедносните сили“, објави Мизан.
23-year-old Iranian protestor Majidreza Rahnavard's dying wishes–before being hanged–reflect the living wishes of so many young Iranians living under theocratic tyranny.
"Don't cry, don't read the Koran, don't pray"
"Be joyful. Play happy music"pic.twitter.com/5TMHDEW5mK
— Karim Sadjadpour (@ksadjadpour) December 15, 2022
Сега на социјалните мрежи се појави видео од погубен Иранец кој ја кажува својата последна желба пред смртта.
„Не плачете, не читајте Куран и не молете се. Бидете радосни. Пуштете весела музика“, рече тој.
Иран, исто така, го погуби демонстрантот Мохсен Шекари, кој беше осуден на смрт за прободување на чуварите и блокирање улица во Техеран за време на демонстрациите. Егзекуцијата беше осудена од САД и нивните сојузници.
Групите за човекови права велат дека Шекари бил мачен и принуден да признае. Амнести интернешенел соопшти дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 21 лице во, како што ги нарече, „лажни судења дизајнирани да ги заплашат оние што учествуваат во народниот бунт што го потресе Иран“.
Националните протести што избија по смртта на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна Курдка од Иран, претставуваат еден од најголемите предизвици за Исламската Република од нејзиното формирање во 1979 година.